Паузата поради репрезентативните настапи Вардар ќе ја искористи да одигра контролен натпревар и тоа утре од 16 часот на стадионот на Алумина против ФК Македонија ЃП.
Ова ќе биде можност Симов да испроба неколку нови тактички варијанти и да го подготви тимот за следната недела и дуелот на Градски против тимот на ФК Воска Спорт.
Вардар засега има само еден бод на воведните два натпревари.