Фудбалерите на Вардар и на Работнички утре ќе одиграат „тест” дуел. Дуелот ќе започне со почеток од 18.00 часот, а ќе биде одигран на теренот во населбата Аеродром, до „Хотел Русија”.
Ова ќе биде прва можност за Васоски да ги тестира своите играчи по пауза од скоро два месеци. Интересно ќе биде да видиме како ќе се снајдат и младите играчи, кои во иднина ќе добиваат поголема минутажа. На утрешниот дуел не се очекува да настапат Манев и Жуниор, кои покасно му се придружуваат на тимот.
Противникот пак, освен што има нов тренер, на овој натпревар ќе влезе и со неколку нови имиња. Досега ривалот се засили со бразилецот Јаго Виторино Силва и со Марко Клисура. Дејан Блажевски го напушти тимот на Работнички.