Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар (1) генер. “2005“ убедливо ја победи Форца, хет-трик на Давор Лефковски
ФК Вардар (1) генер. “2005“ убедливо ја победи Форца, хет-трик на Давор Лефковски

ФК Вардар (1) генер. “2005“ убедливо ја победи Форца, хет-трик на Давор Лефковски

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија продолжија натпреварите, во рамките на детската фудбалска лига. Утрово настап имаше генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година.

Вардар (2) службено го доби својот натпревар, бидејќи екипата на Њу Старс 2 не се појави на теренот. Вардар (1) пак го одигра својот меч со екипата на Форца и забележа убедлив триумф со резултат 7:1. Уште во првата минута од натпреварот успеавме да ја затресеме мрежата на противникот, а голеадата на овој меч ја отвори Арбин Курти за предност на црвено-црните од 1:0. Следните две шанси исто така ги имаше стрелецот на голот, но голманот на Форца ги одбрани ударите. Сепак Форца успева да го израмни резултатот од корнер, при едно невнимание во нашата одбрана, за резултат 1:1. Тоа беше се што успеа да стори Форца на овој меч, на кој Вардар доминираше и според поседн на топка и според доздадени шанси и голови. Поради три корни кои ги направи Форца, судијата покажа на белата точка за Вардар, а сигурен реализатор беше Матеј Гаштаров за ново водство од 2:1. На избраниците на Андовски не им сметаше ни дождливото и ладно време, постојано беа во атак на голот на Форца. Тоа даде резултат на теренот, кога со својот прв гол Никола Величковски погоди за 3:1. Нови закани кон голот на Форца, се обиде Курти повторно одбрани Бреслиев, додека Гаштаров ја погоди стативата. Стигна и четвртиот гол, дело на денес одличниот Давор Лефковски кој погоди за 4:1. Истиов играч зголемува и на 5:1, по асистенција на Гаштаров и со овој резултат се замина на полувреме.

И во второто полувреме продолживме со фанзивната игра, а хет-трик зад името на Давор Лефковски кој со нов гол за водство од 6:1 ја крунисува својата добра игра на денешниот меч. Се обиде и Форца, но одбрани нововлезениот голман кај Вардар, Василиј Мариновски, кој го замени Илија Апостоловски. Нов гол за Вардар, дело на Никола Величковски кој на одбиена топка, откако претхоно одбрани Бреслиев, погодува напаѓачот на црвено-црните за предност од 7:1. До крајот на натпреварот за одбележување се двете одбарни на Мариновски, обидот на Курти кој го одбрани противничкиот голман, како и промашениот пенал на Гаштаров, чиј удар го одбрани Марко Бреслиев. Конечниот резултат на крајот гласи 7:1.