Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Четворица играчи на Вардар настапија за своите репрезентации
Четворица играчи на Вардар настапија за своите репрезентации

Четворица играчи на Вардар настапија за своите репрезентации

Уште четворица играчи од редовите на Вардар забележаа настапи за своите репрезентации. За Македонската сениорска репрезентација од првата минута настапија дефанзивците Висар Муслиу и Дарко Велковски. Муслиу го одигра целиот натпревар, додека пак Велковски принудно во 75. минута го напушти теренот. Нашата репрезентација одигра одлично и ремизираше 1:1 со Италија.

Настап за Македонија, но, до 21 година забележа и напаѓачот на Вардар, Петар Петковски. Петковски одигра 66. минути во поразот од Србија 0:2. Џигаури пак, за селекцијата на Грузија запиша уште еден настап. За разлика од своите колеги, Џигаури влезе од клупата за резерви во 76. минута, Грузија загуби од Велс со резултат 0:1.