Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Договорени три термини за настап на РК Вардар во дуелите од ЛШ за февруари идната година
Договорени три  термини за настап на РК Вардар во дуелите од ЛШ за февруари идната година

Договорени три термини за настап на РК Вардар во дуелите од ЛШ за февруари идната година

ЕХФ Маркетинг во соработка со клубовите и ТВ кои ги имаат правата за пренос ги усогласија термините за 11, 12 и 13 коло од групната фаза на лигата на шампионите. Вардар во февруари 2018 година треба да одигра четири натпревари, по два дома на гости.

Откако ќе заврши Европското првенство на крајот на јануари 2018 година ќе имаат момците  краток период за подготовка за гостувањето во Барселона. Тој натпревар е закажан за 10 февруари 2018 година, но дополнително треба да се утврди часот на одигрување на средбата. Во следното 12. коло Вардар е домаќин на ПИК Сегед, на 18 февруари. Средбата се игра во СЦ „Јане Сандански” во 17 часот. Гостувањето кај Нант во Франција е закажано за 25 февруари 2018 година. Средбата е закажана за 19 часот. Во последното коло од групната фаза Вардар треба да го пречека тимот на Висла Плоцк од Полска, а тој меч сѐ уште не е договорен, и би требало да се одигра на 28 или 29 февруари 2018.