Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > На 11-ти октомври Комити ќе одржат крводарителска акција
На 11-ти октомври Комити ќе одржат крводарителска акција

На 11-ти октомври Комити ќе одржат крводарителска акција

Навивачите на Вардар, Комити запад повторно со хумана мисија. Тие ќе организираат крводарителска акција на празникот 11 октомври, среда. Во информацијата за овој настан на нивната официјална страница тие го објавија следното соопштение:
-Крвта која ја донирате, за некого значи нова шанса за живот. Еден ден истата може да му е потребна на вашиот најблизок, роднина, пријател, сакан(а), па дури и на вас самиот…
Да се донира крв не кошта многу но некому и тоа како му вреди, за некого тоа е едниственото нешто што му е потребно за да остане на овој свет…Како продолжение на одбележување на Јубилејот 30 Години Комити Запад и 70 Години ФК Вардар, а воедно и традиционално, организираме Крводарителска Акција “И Крвта своја за Вардар и Македонија”.
Сите заинтересирани да се приклучат на оваа акција може да се пријават во инбокс но и дирекно во малата сала Јане Сандански на 11 Октомври од 17ч.
Истовремено, и на исто место, како што најавивме, го завршуваме и Меморијалниот турнир “Во Чест на Отсутните” со натпреварите за 3 место и Финалето.Среда, 11 Октомври од 17:00ч. до 20:30ч.
Мала сала Јане Сандански

#КрводарителнаАкција#ИКрвтаСвојаЗаВардарИМакедонија#СпасиЖивотДонирајКрв #30ГодиниКомитиЗапад#70ГодиниФКВардар #Мобилизација#ВоЧестНаОтсутните