Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Четири вардарци утре ќе настапат на трка низ улиците на Скопје во должина од 10км
Атлетика! Четири вардарци утре ќе настапат на трка низ улиците на Скопје во должина од 10км

Атлетика! Четири вардарци утре ќе настапат на трка низ улиците на Скопје во должина од 10км

Утре, на 8-ми октомври  за прв пат во нашата метропола ке се оддржи улична трка на 10 километри “Skopje Run 10k“, . Истата е во организација на “Скопски маратон“, на оваа трка  ќе се трчаат 10километри низ скопските улици во централното градско подрачје. Атлетскиот клуб Вардар на оваа трка ќе биде преставен со четири свои учесници.

Настап ќе има  Марко Ивановски кој е подготвен за одлична трка викендов, тој  минатиот месец истрча задоволително на Охридски маратон. Вардаровиот млад атлетичар, Петре Завировски кој е во силен налет за враќање во старите добри времиња најавува атак на висока позиција на оваа трка. Тој по  одличниот настап во Охрид каде недоволно подготвен влезе во рингот и ја одбрани честа очекува нови добри настапи.  Вардаровата легенда, човекот кој и во шесттата сеуште атакува на одлични резултати Трпе Мартиновски ќе биде дел од оваа трка, четврти кој од вардаровиот табор ќе настапи е Влатко Јакимовски. На Охридски маратон пред речиси еден месец токму оваа четворка имаше заеднички настап.