Вардар ја победи ФТВ Будимпешта (34:31) и на тој начин со триумф ја отвори новата сезона во најголемото ракометно натпреварување. Црвено-црните имаа предност во текот на целиот натпревар, која во еден момент беше и двоцифрена. Поради пад во нашата игра му дозволивме на противникот на крајот да ја смали негативата.
Погледнете ја нашата фотогалерија од првиот триумф на ЖРК Вардар во лигата на шампионите.