Вардар на најдобар можен начин ја отвори новата сезона во лигата на шампионите, со победа против екипата на ФТЦ Будимпешта. Иако имавме и двоцифрена предност, на крајот моравме да се задоволиме со триумф изразен со три гола разлика (34:31). На прес-конференцијата после завршување на мечот пред медиумите се обратија Ирина Дибирова и Драгана Цвијиќ.
-Одигравме одлични 50 минути. Имавме неколку грешки, а во последните десет минути имавме проблеми со замените и со дисциплината. Моравме да ги пробаме сите ракометарки кога имавме една таква голема разлика. Ќе ги анализираме нашите грешки и понатаму и ќе се подготвуваме за следните натпревари, изјави Дибирова.
Одличен натпревар одигра пикерот Цвијиќ. за која ова беше прв натпревар во ЛШ за екипата на Вардар.
-Честитки на мојата екипа за првата победа во ЛШ. Отворивме многу добро, не очекувавме дека така добро ќе играме во првото полувреме, бидејки се подготвувавме без силни натпревари. Презадоволна сум од првото полувреме, во второ полувреме паднавме, но сепак грешките се составен дел и добро е што се случуваат на стартот на сезоната. По овој меч ќе ја анализираме нашата игра и се надевам дека ќе корегираме грешки и во иднина може да играме само многу подобро од она што го покажавме вечерва.