Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (2) генер. 2008 високо го порази тимот на Драчево
Вардар (2) генер. 2008 високо го порази тимот на Драчево

Вардар (2) генер. 2008 високо го порази тимот на Драчево

Генерацијата 2008 на ФК Вардар предводена од Петар Георгиевски денес одигра еден меч во детската лига. Истиот го доби во своја корист, совладувајќи ја екипата на Драчево.

Активна беше екипата на Вардар (2) која беше подобра од Драчево Јуниор (2), на овој дуел триумфиравме со резултат 7:0. Имавме доминација на овој дуел, додека екипата на Драчево беше во подредена улога. Пред да го отвориме резултатот имавме два обиди, кои останаа без реализација. Водство од 1:0 ни донесе Матеј Киш, кој со силен удар успева да го совлада противничкиот голман, топката ја удри најпрво пречката а потоа и заврши во голот на Драчево, за предност од 1:0. Обид имаше и Бошковски, но одбрани голманот, додека предноста на 2:0 ја зголеми Марко Шотаровски, кој погоди од втор обид. Со новиот гол на Киш до крајот на првото полувреме го зголемивме резултатот на 3:0, додека имавме шанси за поубедлива предност, но шансите на Киш и Шотаровски останаа неискористени.

1 2 4 5

Коста Бошковски беше играчот, кој прв имаше прилика во второто полувреме, но одбрани голманот на Драчево. Во листата на стрелци успева да се запише и Иван Ташовски, погодок со кој зголемивме на 4:0. Игравме офанзивно и во овој дел од натпреварот, додека нашиот голман, Лука Грчевски, немаше многу работа на овој дуел. Нов играч успева да ја погоди противничката мрежа. Се работи за Петар Блажевски, кој го зголеми нашето водство на 5:0, додека со голот на Стефан Бранковски зголемивме и на 6:0. Имавме и пенал, кој го шутираше Киш, кој немаше среќа, ја погоди само стативата, но во истата акција Ташовски беше најприсебен, шутираше и погоди за предност од 7:0, резултат кој на крајот беше и конечен на натпреварот.

Во текот на утрешниот ден ќе ги одиграме последните два дуели, во есенскиот дел од сезоната, противници ни се екипите на Милано и Маџари.