Генерацијата 2011 на ФК Вардар го одигра последното есенско коло во детската лига. Денес избраниците на Боби Андоновски одиграа два дуели.
Вардар (1) за противник го имаше тимот на Карев, од кој бевме поразени со резултат 1:2. На полувреме противникот имаше предност од 0:2, додека црвено-црните во вториот дел постигнаа гол преку Доротеј Христов, кој на крај не се покажа како доволен да избегнеме пораз. Имавме уште неколку шанси и за нов гол, но среќата не не посака. На нашиот гол, одличен беше и Огнен Божиновски, кој имаше неколку одбрани.
Вардар (2) одигра меч против екипата на Македонија Ѓ.П, кој го доби со резултат 2:1. По првото полувреме, Вардар имаше минимално водство од 1:0, со погодокот на Хари Папиќ. Во второто полувреме беа постигнати по еден гол во двете мрежи, а стрелец на голот за Вардар беше Божиновски.