Пионерките на ЖРК Вардар заминаа на „зимување“ со максимални 27.бода по 9.кола во пионерската група-1. Денес, имаа лесна задача против тимот на Ѓорче. Девојките на Платнон и Папуџиева успеаа да го совлаадаат ривалот со 15.гола повеќе. Есенската титула ја потврдивме со победа од 23-8 (12-2).
Почетокот не беше многу ефикасен, по 5.минути игра водевме со 2-0. На нашиот гол Леа Христова беше во елемент. Со две нејзини одбрани во дефанзива и со по еден гол на сестрите Коцева Бојана и Борјана поведовме во 6.минута со 4-0. Веднаш, Владимир Радиќ побара минута одмор. Платон повторно умешно изротира, давајќи шанса на целиот ростер, ја замени првата постава, внесе сосема нови девојки на сите позиции освен на голманската. Ние продолживме и потоа со доминацијата, водевме со 6-0, првиот гол Христова го прими дури во 12.минута. Бевме во налет, Христова фати два пенали по ред, тоа го награди Радевска Бојана од крило со гол за 11-1 во 18.минута, ние тогаш првпат ја минавме двоцифрената граница. На одмор заминавме со предност 12-2.
Вториот дел почна со мини серија на ривалот, тие беа поопасни кратко, и намалија на 13-5. Вероника Ѓорѓиевска влезе во елемент, почна да брани зицери, одбрани пенал па ние тргнавме во зголемување на предноста. Точно на средината на вториот дел, со голот на Равојска Јана од пенал, која шутна лукаво поведовме со 18-7. Се до крајот беше чиста формалност, сите девојки кои ги изротира Платон даваа одлични партии. Во одбраната игравме перфектно, Ѓорѓиевска додаде уште неколку одлични одбрани. Победата дојде со резултат 23-8.
Голманките Христова и Ѓорѓиевска имаа одлични партии одбрани и по два пенала. Најефикасна беше Тошевска која имаше 4 гола, по три погодока впишаа: Ангелова, Стојанова и Радевска. Апак по два пати погодија: Равојска, Максимова и Коцева Борјана.