Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар поразен и на гостувањето кај Брест Мешков
Вардар поразен и на гостувањето кај Брест Мешков

Вардар поразен и на гостувањето кај Брест Мешков

Вардар доживеа нов пораз сезонава во Лигата на Шампиониоте. Во рамките на 9.коло бевме убедливо поразени на гостински терен од екипата на Брест Мешков со резултат 31:22.

До 15 минута од првото полувреме гледавме игра гол за гол и ниту една од екипите немаше поголема предност од еден гол. Атман промаши во првиот наш напад, затоа Брест Мешков погоди за отварење на резултатот. Кристопанс беше играчот кој донесе израмнување, додека со голот на Дибиров го имавме првото водство на овој дуел. Во следните десет минути и двете екипи се менуваа во предност, а Вардар беше тимот кој успеа прв да има водство од два гола (7:9) откако противничката мрежа ја погоди Стоилов во 16 минута од мечот. На нашиот гол беше Гедбан, кој имаше три одбрани. Сепак, екипата на Брест Мешков постигна два гола во серија и го израмни резултатот на 9:9. Ние не успеавме да погодиме зицер преку Калараш, откако одбрани Пешиќ и стигна до својата шестта одбрана, додека домашниот тим беше во серија од три погодоци, со кои го сврте резултатот и поведе со 10:9 во 24 минута од натрпеварот. Вардар повторно успева да ја врати предноста од  два гола, откако најпрво одбрани Гедбан, неговиот соиграч во нападот, Скубе успеа да реализира за водство од 10:11, тоа беше прв гол за Скубе на мечот. Можевме на полувреме да имаме и два гола позитива, Атман погоди за 11:13, потоа Мешков намали на 12:13, а Кристопанс во последниот наш напад ја погоди само пречката од голот на белорусите, па со овој резултат се замина на полувреме.

Лошо го отворивме второто полувреме, противникот беше во серија од 3:0, со кои поведе со 15:13, додека Стоилов ја прекина серијата на Мешков, за намалување на резултатот. Пешиќ се разбрани во второто полувреме, неговите одбрани беа поттик за играчите на домашниот тим кои стигнаа и до три гола позитива 20:17 во 44 минута од мечот. Кристопанс повторно се пожали на повреда и мораше да го напушти теренот, додека Скубе успева да намали на 20:18. Само што намаливме на 20:19, екипата на Мешков повторно се одлепи и поведе со 22:19, а Кокшаров побара минута одмор. И на денешниот дуел немавме голмански одбрани, а тоа Брест Мешков максимално го казнуваше, а Пешиќ веќе стигна и до 11 одбрани. На пет минути пред крајот, Брест Мешков стигна и до високи 27:22, па беше блиску до триумфот. На крајот висок пораз на Вардар со резултат 31:22.

Ова беше четврти пораз за Вардар во групата, со кој падна на шесттото место на табелата, после триумфот на Порто кај екипата на Монпелје.