”10-ката” во ФК Вардар сега е празна и бара нов свој сопственик. Артак Дашјан замина од редовите на ФК Вардар, па сега 10-ката во Вардар стои слободна. Кој ќе ја земe 10-ката на својот грб е прашање на време!? Во Вардар има и играч на проба, но Обрегон доколку задоволи и остане, ќе земе друг број, а 10-ката ќе чека нов, свој сопственик.
Вардарци иако го донесоа Обрегон како напаѓач, сепак колумбиецот ќе се наметнува на крилните позиции во тимот, тоа значи дека на шампионот му е потребен напаѓач под итно, ако се земе во предвид дека на таа позиција го имаме само Драган Ќеран. Дали токму на играчот кој ќе дојде во шпицот на нападот ќе му биде доделена 10-ката од ”црвено – црниот” дрес.. Останува да сочекаме, и да се надеваме дека Вардар ќе ”погоди” во изборот на новата ”десетка”, којa ќе биде задолженa да тресе мрежи најпрвин во квалификациите, а потоа и во домашниот шампионат.