Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардар атакува на две титули, утре финалиња во М-14 и М-18
Кошарка! Вардар атакува на две титули, утре финалиња во  М-14 и М-18

Кошарка! Вардар атакува на две титули, утре финалиња во М-14 и М-18

Кошаркарскиот клуб Вардар неприкосновено е број еден школа во  младинска конкуренција. Пред еден месец КК Вардар  се закити со  шампионската титула во првенството до 20 години. Младите кошаркарски надежи   по трет пат во финалната серија однесоа победа со нивниот  голем ривал Карпош Соколи. Вардарци победија  со 66-62 и со максимални 3-0 во победи стигнаа до шампионската круна.

КК ВАРДАР М-14!

КК ВАРДАР М-14!

Утре недела нови две финалиња и можност за две нови црвеноцрни кошаркарски титули. Не очекуваат финалиња во категориите   М-14 и М-18. Во финалето за помладите момци до 14 години ќе се сретнеме со Водно Санс. Истото ќе се игра во 14-30 часот во  салата “Кале“. Финалето во М-18 ќе го одиграме со тимот на КК МЗТ Скопје. Истото има почеток во 15-00 часот и ќе се игра во малата сала во Спортскиот центар “Јане Сандански“.  Им посакуваме среќа на малдите момци и нови титули во нашите витини.

КК ВАРДАР М-18!

КК ВАРДАР М-18!