Првиот човек на ФК Вардар, Сергеј Самсоненко на денешната прес-конференција на клубот ги обелодени најавите дека Вардар ќе гради нов стадион, односно дека бара земјиште за истото. Значи, конечно во иднина Вардар ќе може да настапува на 100% свој стадион.
Досега Вардарци често пати поради нејасни причини мораа да ги одигруваат натпреварите во населбите Ѓорче Петров и Маџари.
Останува да видиме дали новиот стадион ќе биде во населбата Карпош или на друго место.