Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци заминаа на пат за Бугарија
Вардарци заминаа на пат за Бугарија

Вардарци заминаа на пат за Бугарија

По одржаниот утрински тренинг во 10ч, Вардарци тргнаа на пат за Бугарија, каде утре со почеток во 14 часот на стадионот “Христо Ботев“ силите ќе ги одмериме против последно пласираниот тим во бугарската прва лига, тимот на ОФК Пирин. Ова ќе биде тест дуел и одржување на формата на Вардарците кои немаат обврски кон репрезентациите овој викенд, ова ќе биде и убава можност да се одржи натпреварувачкиот ритам пред клучните четири натпревари во ПМФЛ.

Нашиот Вардар на овој дуел ќе настапи без играчите кои добија повик од репрезентациите на своите земји. Седлоски нема да може да смета на Глигоров и  Хамбарџумјан кој се повикани во сениорските селекции на Македонија и Ерменија, но и на Велковски и Николов кој беа повикани за квалификациите на младинската селекција предводена од поранешниот тренер на Вардар селекторот на У-21 Боби Милевски.