Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Дерби во првата ракометна лига, РК Вардар 2 е домаќин на Младост
Дерби во првата ракометна лига, РК Вардар 2 е домаќин на Младост

Дерби во првата ракометна лига, РК Вардар 2 е домаќин на Младост

Во сабота во спортскиот ракометен центар Кале со почеток од 15 часот ќе се одигра натпреварот во рамките на првата ракометна лига, помеѓу екипите на РК Вардар 2 и Младост од Богданци. Ова е меч од 14 првенствено коло. На првиот дуел одигран во Богданци, црвено-црните успеаа да забележат триумф со резултат 22:24. На тој натпревар блескаше Тоше Ончев кој успеа да постигне повеќе од половината погодоци за Вардар, или вкупно 13 голови во противничката мрежа. Иако на тој меч имавме негатива на моменти од 5 гола, сепак како одминуваше натпреварот избраниците на Стојан Петрушевски целосно го свртеа резултатот во своја корист.

Во пролетниот дел црвено-црните забележаа две победи во дуелите со екипите на Риниа и Куманово. Сеуште врвот во првата лига го држи тимот на ХЈС Работник од Битола со три бода повеќе од нашиот состав. Младост се наоѓа на четвртото место и потајно се надева дека до крајот може да стигне до второто место, кое води на крај во бараж за пласман во супер лигата. Таа позиција моментално е резервирана за Вардар, кој е фаворит на утрешниот меч на Кале.