Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Александар Таневски: Благодарност до Тања Медвед и целиот тим кој работи, за “Јуниор“ лигата да функционира беспрекорно
Александар Таневски: Благодарност до Тања Медвед и целиот тим кој работи, за “Јуниор“ лигата да функционира беспрекорно

Александар Таневски: Благодарност до Тања Медвед и целиот тим кој работи, за “Јуниор“ лигата да функционира беспрекорно

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар, т.н. “Јуниор лига“ во која се натпреваруваат ракометните школи од цела Македонија, засега успешно се изведува и реализира. Во “Вардар Јуниор“ лигава се натпреваруваат повеќе од 20 ракометни школи, кои се дел од академијата на Вардар. Секој викенд се играат натпревари кај момчиња и девојчиња во различни возрасни генерации. Една од школите која успешно се снајде во оваа лига е РК Филип-Вардар, чии тренери се Александар Таневски и Марјан Николовски. Имавме можност да поразговараме со Александар Таневски кој е еден од најзаслужните за добрите резултати на РК Филип. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците за функционирањето на Јуниор лигата и за работата и резултатите на своите екипи.

-Идејата за Вардар Јуниор лига е целосен проект на Тања Медвед во рамките на Проектот на Вардар. Најпрво не се знаеше со колкава бројка и колку школи за ракомет функционираат . Се поставија јасни и недвосмислени принципи кој се може да биде дел од Академија Вардар, откако интересот порасна за учество во Академијата, по автоматизам се наметна и потребата за своја лига која функционира мислам подобро и од очекувањата.

Сите деца кои тренираат ракомет и во иднина сакаат да се занимаваат со овој спорт, ја имаат можноста токму преку натпреварите во “Јуниор“ лигата да ги докажат своите играчки квалитети. Сето ова им го овозможува лигата која ја организира најдобриот клуб во Македонија.

-Реакцијата на децата е одлична, сега имаат многу натпревари а со тоа има и каде да се докажуваат, а и ние како тренери да покажеме дали и колку работиме со тие деца, идни ракометари и ракометарки. Јас лично сум задоволен од досега покажаното на децата, земено во предвид и времето колку  тренираат.

Голема предност на оваа лига се многуте натпревари, преку кои се стекнуваат нови запознавања и пријателства. Се споделуваат и впечатоците од настапите за своите екипи, со што се зголемува знаењето за ракометната игра.

-Има уште еден момент кој функционира паралелно со се што до сега изнесовме, а тоа се новите познанства, новите комуникации кои се појавуваат помеѓу децата. Направени се интерни Академии (деца од различни школи и градови) кои се дел од Академијата. Така доаѓаат до израз тимските капацитети на децата, а ние тренерите да се видиме до каде сме со она што го работиме.

Таневски е тренер на РК Филип Вардар во машка и женска конкуренција, од генерации родени 1998/99 до 2006/07 година.

-На крај морам да споменам дека сум задоволен од сите деца кои произлегоа од РК Филип, а подоцна и од РК Филип Вардар. Голема благодарност до спортскиот директор Тања Медвед и целиот тим кој работи, за оваа лига да функционира беспрекорно, изјави Александар Таневски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски