Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор гостува во првото пролетно коло кај Жрк Ѓ.Петров
Вардар јуниор гостува во првото пролетно коло кај Жрк Ѓ.Петров

Вардар јуниор гостува во првото пролетно коло кај Жрк Ѓ.Петров

Конечно по екстра голема зимска пауза овој викенд ќе продолжат мечевите во женската Супер лигата. Во македонскиот женски ракомет зимската пауза е едноставно предолга последниот првенствен  дуел на екипата на ЖРК Вардар јуниор предводена од Симе Симовски беше дури на 12 декември против Жрк Куманово.

Нашите девојки својот 10-ти дуел во единствената женска ракометна конкуренција оваа сезона ќе го одиграат на 27-ми март во недела. Младите вардарки ќе се сретнат со екипата на Жрк Ѓорче Петров, нашите девојки се првопласирани на табелата со 27 бодови, а ѓорчепетовки  се четврти со освоени 10бода. Овој меч е закажан со почеток во 19-00 часот. Младите црвено-црните девојки во следното коло ќе бидат домаќинки на единствениот конкурент за првата позиција Жрк Металург.