Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Фан зоната за утрешниот натпревар е подготвена

Фан зоната за утрешниот натпревар е подготвена

rkvardar-fan-zona

Преостанува уште помалку од еден ден до почетокот на реванш дуелот Вардар – Висла Плок. Фан зоната е веќе спремна, од РК Вардар излегоа со фотографија околу цените на пијалоците и храната во фан зоната пред натпреварот. Ова ќе биде нешто слично како минатата година, кога на мечот со Киелце имавме фан зона,  видео бим пред салата освежителни пијалоци и слично. Нешто слично ќе биде и утре. Oвој пат ќе има и селфи зона, за што поточно станува збор ќе дознаеме утре по 15 часот.

На фотографијата можете да видите кои ќе бидат цените во фан зоната. В сабота сите во сала или пред сала само за нашиот РК Вардар, во поход кон нов 1/4 финален дуел во ЛШ.