Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар чека промоција на заслуженото, во среда ќе се носи одлука
Вардар чека промоција на заслуженото, во среда ќе се носи одлука

Вардар чека промоција на заслуженото, во среда ќе се носи одлука

Фудбалскиот шампионат во Македонија беше прекинат и нема да го дочека својот крај. Иако првотимците на сите екипи се вратија на тренинзите и очекуваа старт на преостанатите девет кола како што беше првично договорено, сепак, од тоа нема да има ништо бидејќи ФФМ го прекина шампионатот.

По прекинот на шампионатот, стигнаа и бројни реакции од страна на фудбалерите ФК Вардар, но и од многу спортски работници во нашата држава. ФФМ не прогласи шампион, иако Вардар сигурно чекореше кон титулата и имаше дури десет бодови предност пред Силекс и единаесет пред третопласираната Шкендија.

Според информациите до кои дојдовме, неофицијално, во среда ќе се знае конечната одлука, дали Вардар ќе ја добие титулата, онаа која ја заслужи со перфектна игра во текот на целиот шампионат додека траеше.

,,ВАРДАР ФАНС” oчекува чистa, кристална слика, односно доделување на титулата на играчите кои оваа сезона одиграа маестрално, а тоа е тимот на ФК Вардар.