Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Да се запре Кокорин, стрелецот број еден на Зенит
Да се запре Кокорин, стрелецот број еден на Зенит

Да се запре Кокорин, стрелецот број еден на Зенит

Лидерот на табелата во рускиот шампионат, тимот на Зенит во шпицот на нападот оваа сезона има доста расположлив играч за постигнување на голови. Рускиот репрезентативец Александар Кокорин оваа сезона ја започна одлично, по девет одиграни рунди Кокорин успеа да погоди шест пати што го прави најдобар стрелец во рускиот шампионат во моментов заедно со Промес.

Кокорин ужива доверба кај новиот тренер Манчини. Само за споредба, овој играч минатата и предминатата сезона во дресот на Зенит постигнал само пет односно два погодоци, значи, за само девет кола оваа бројка веќе ја надмина од минатата сезона.

Најголемата опасност по голот на Гачевски треба да доаѓа од него.