Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Барсегјан: Во Скопје заедно со нашата публика, можеме да направиме уште еден голем резултат
Барсегјан: Во Скопје заедно со нашата публика, можеме да направиме уште еден голем резултат

Барсегјан: Во Скопје заедно со нашата публика, можеме да направиме уште еден голем резултат

Утре нашиот фудбалски шампион го игра првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против екипата на Зенит. Вардар направи историја со пласман во групната фаза од ова натпреварување и ќе се обиде да стигне што подалеку во второто по квалитет фудбалско натпреварување. Екипата на Зенит ќе биде првата пречка за црвено-црнит во групната фаза, играчот на Вардар, Тигран Барсегјан се надева дека обдничката серија ќе продолжи и во четврток против екипата од Русија. За официјалната страна на клубот, тој го изјави следново:

-Низ досегашните натпревари во Европа, покажавме дека имаме добар тим и дека можеме да се носиме со секого. Особено на домашен терен каде што остваривме три победи во исто толку натпревари. Се надеваме дека таа серија ќе продолжи и против Зенит. Играме против многу силна екипа, но така беше и со Фенербахче, па ние победивме и на двата натпревари. Во Скопје заедно со нашата публика, можеме да направиме уште еден голем резултат.

Барсегјан очекува голема поддршка од своите навивачи, кои треба да бидат 12-тиот играч на Вардар на утрешниот натпревар.

-Повеќе публика, тоа подобро за нас. Тие се нашиот 12-ти играч, ни даваат мотив да играме и да се претставиме во најдобро издание. Ние ќе им се оддолжиме со максимална игра и се надевам на крајот со победа. Дојдовме до групната фаза, и сега треба да мислиме како да освоиме што повеќе бодови во натпреварите кои претстојат. Исто така во овој натпревар влегуваме во добра серија од пет победи која се надеваме и посакуваме да продолжи, истакна Барсегјан.