Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во групната фаза на ЛЕ ќе игра против екипи кои се лидери во своите првенства
Вардар во групната фаза на ЛЕ ќе игра против екипи кои се лидери во своите првенства

Вардар во групната фаза на ЛЕ ќе игра против екипи кои се лидери во своите првенства

Вардар направи голем историски успех со пласман во групната фаза од лигата на Европа и стана првата Македонска екипа која направила ваков подвиг. Во групната фаза не очекуваат екипите на Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг и интересно тие се лидери во своите првенства.

Реал Сосиедад е најголемото изненадување во Ла Лига, каде по три одиграни натпревари има исто толку победи и се наоѓа на делба на првото место со екипата на Барселона и се единствени кои имаат максимален број на освоени бодови. Сосиедад во првите три кола беше подобар од екипите на Селта Виго, Виљареал и Депортиво Ла Коруња.

Утрешниот наш противник, тимот на Зенит иако втор натпревар по ред одигра со нерешен резултат сепак останува на првото место на табелата во првенството на Русија, со еден бод повеќе од екипата на Локомотив од Москва. По девет одиграни кола, избраниците на Роберто Манчини имаат скор од шест победи и три нерешени резултати, без ниту еден пораз.

Розенборг сигурно чекори кон освојување на уште една титула во првенството на Норвешка, откако во минатотото коло на домашен терен ја совладаа екипата на Стромгосет. По 21 одиграно коло, Розенборг има 44 освоени бодови, шест повеќе од второпласираниот Сарпсборг.

Вардар не е лидер во ПМФЛ, но затоа ќе претставува голем проблем за споменатите три екипи да дојдат до поволен резултат во дуелите со нашиот шампион, кој оваа сезона е најголемото изненадување во Европа.