Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > СКОПЈЕ Е ,,ЦРВЕНО – ЦРНО”, ВАРДАРЦИ ДО УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ПОБЕДА!!!
СКОПЈЕ Е ,,ЦРВЕНО – ЦРНО”, ВАРДАРЦИ ДО УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ПОБЕДА!!!

СКОПЈЕ Е ,,ЦРВЕНО – ЦРНО”, ВАРДАРЦИ ДО УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ПОБЕДА!!!

Фудбалерите на Вардар продолжуваат да ги воодушевуваат своите навивачи. ,,Четата” на Васоски уште еднаш покажа дека може да игра со секој противник оваа сезона, иако тимот сеуште не е воигран и е значитечно ослабен од минатата сезона. Денешниот јунак на дуелот е Цветаноски. Покрај него, сите други играчи кои настапија одиграа дуел за чиста ,,10-ка”.

Уште по првиот дел Вардар можеше да жали што немаше предност. Величковиќ пропушти одлична шанса за гол. Петровиќ спушти во гостинскиот шеснаесетник, а младиот Величковиќ од еден метрар успеа место во празната мрежа да го погоди дирекот од голот на гостинот. Во првиот дел не беше досуден и чист пенал за тимот на Вардар.

Во вториот дел, Вардар отвори на убедлив начин. Се играше 52. минута, катастрофална грешка на голманот на гостите, Кристијан Наумовски. Цветаноски шутира откосо од 15 метри, се чини сосема безопасно, но топката под рацете на Наумовски отседнува во мрежата и голема радост на Вардар. По голот, Вардар не застана. Имаше уште три супер шанси за гол. Најпрвин преку Мирцевски кој изби пред голманот на гостите, но шутираше за малку крај голот, а во финишот преку Блажевски, но изостана реализацијата и кај нашиот втор напаѓач. Да напоменеме дека и Илиќ имаше свој супер ден, откако ,,фати” две големи шанси за гостинот во финишот, а и дефанзивците на Вардар одиграа сјајно. На крајот, Вардар го добива скопското дерби со резултат 1:0 и запишува големи три бода.

Честитки до сите играчи на ФК Вардар!