Tuesday ,08 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Победа над Слога, ќе значи 5-та победа на премиерните мечеви во изминатите 5 сезони
Победа над Слога, ќе значи 5-та победа на премиерните мечеви во изминатите 5 сезони

Победа над Слога, ќе значи 5-та победа на премиерните мечеви во изминатите 5 сезони

Со евентуална победа денес, нашиот црвено – црн љубимец ќе ја продолжни низата успеси и ќе стигне до петата едно подруго победа на премиерните мечеви во Првата македонска фудбалска лига.

Вардар секогаш имал добар старт. Изминатата сезон,а на 3-ти август се одигра премиерниот меч во Битола каде нашиот љубимец  триумфираше со 1:0 против Пелистер. Годината претходно во првото коло вардарци го совладаа тимот на Македонија ЃП со 2:1. На “премиерата“  пред три години која се играше со градскиот ривал  Работнички однесовме победа од  3:2 . А се почна во Прилеп по враќањето на клубот на вистинските патеки тогаш пред  четири сезони го совладавме тогашниот дебитант во првата лига 11 Октомври на гости со 1:0 и со таа победа  тргна оваа убава серија.