Нашиот РК Вардар, годинава е сериозно засилен со доаѓањето на шпанецот Хорхе Македа. Шпанецот во составот предводен од својот сонародник Гонзалез дојде од тимот на Нант.
Преминувањето во нашиот Вардар е прогласен за еден од „топ 10“ трансфери за оваа сезонава во европски рамки. На прашањето за прекрасната атмосфера вели:
Да, кога играв во Нант ги гледав натпреварите на Вардар во ЛШ и видов добра атмосфера, навивачи без маици и голема поддршка од трибините, а тоа многу ме мотивира да играм. Мислам дека нашиот дом ќе биде наша тврдина и секој што ќе дојде ќе мора многу да се испоти за да не победи .
За силината на нашата група во лигата на шампионите, противниците, со кои ќе се соочиме во неа, и очекувањата од истите, шпанскиот репрезентативец даде своја анализа:
Барселона е секако фаворит бидејќи е актуелен европски шампион, а исто така и Кјелце, кој е одлична екипа, но тука се и останатите екипи како Рајн Некар, Пик Сегед, Монпелје, како и скандинавците кои ќе бидат исто така големи ривали. Тоа ќе биде една изедначена група. Мислам дека треба да ги победиме сите натпревари на домашен терен, дека Скопје треба да биде нашата сила, но ќе мора да се обидеме да извлечеме максимален број на бодови во гости, за да завршиме на највисоката можна позиција.