Претстојниов викенд ќе продолжат натпреварите во младинските фудбалски лиги, а ние во овој текст ќе ги изнесеме табелите после седум некомплетни одиграни кола. Вардар ги одигра сите седум натпревари во сите четири категории, што не е случај и со другите екипи. Секако Вардар се уште го немал за противник тимот на Куманово Еуроспорт, кој сезонава се откажа од натпреварувањето, па секоја екипа која во досегашниот дел од сезоната се најде на распоредот со нив, беше слободна.
Вардар може да се пофали дека е лидер со помладите пионери, кои цврсто „газат“ во својата конкуренција, нешто и што се очекуваше од оваа генерација во новата натпреварувачка сезона. Тука се и младинците кои освен поразот на домашен терен од Шкендија, на останатите натпревари може да се каже дека доминираше и остваруваше високи победи. Кадетите кои сезонава играат со измешан состав од играчи родени 2004 и 2005 година, некако немаше добар старт на сезоната, но последниот триумф на гости кај Македонија Ѓ.П можеби и дава надежи за подобри резултати во иднина. Пионерите се повеќе ги губат шансите околу можноста да се борат за трофејот во лигата, што многу се очекуваше од оваа генерација, која игра „некомплетна„ сезонава, со оглед дека неколку играчи беа прекомандувани во кадетскиот и младинскиот состав, па од тука не доаѓаат до израз правите резултати кои се очекуваа од пионерите.
Во продолжение можете да ги погледнете табелите во сите четири лиги:
Помлада пионерска Супер лига
Пионерска Супер лига
Кадетска Супер лига
Младинска Супер лига