Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар е единственото изненадување, во второто квалификациско коло од ЛШ, кои елиминираа носител и фаворит
Вардар е единственото изненадување, во второто квалификациско коло од ЛШ, кои елиминираа носител и фаворит

Вардар е единственото изненадување, во второто квалификациско коло од ЛШ, кои елиминираа носител и фаворит

Екипата на Вардар е најпријатното изненадување, во второто квалификациско коло од лигата на шампионите. Црвено-црните се единствените, кои успеаа да исфрлат носител и фаворит во оваа елиминациска рунда од најголемото натпреварување. Останатите дуели поминаа без изненадување и сите носители и фаворити се пласираа во третото квалификациско коло. Во третата рунда се приклучуваат уште посилни и поквалитетни екипи, а противник на Вардар ќе биде тимот на Копенхаген од Данска, кои пак во двомечот ја елиминираа Жилина. Триумфот против Малме добива на тежина, со оглед дека Вардар го очекуваат уште најмалку четири натпревари. Доколку бидеме елиминирани од Копенхаген, избраниците на Седлоски ќе продолжат да се борат за настап во групната фаза од лигата на Европа. Сепак ние се надеваме на едно друго сценарио, идентично на Малме, со што ќе продолжиме да го живееме сонот, наречен групна фаза од лигата на шампиони.

Ова се сите двојки во третото квалификациско коло од ЛШ:

Копенхаген (Данска)-Вардар (Македонија)
Славија (Чешка)-БАТЕ Борисов (Белорусија)
Астана (Казахстан)-Легија (Полска)
Марибор (Словенија)-Хајнафјордур (Исланд)
Селтик (Шкотска)-Розенборг (Норвешка)
Хапоел (Израел)-Лудогорец (Бугарија)
Виторул (Романија)-АПОЕЛ (Кипар)
Салцбург (Австрија)-Ријека (Хрватска)
Карабаг (Азербејџан)-Шериф (Молдавија)
Партизан (Србија)-Олимпијакос (Грција)
Стеауа (Романија)-Викторија Плзен (Чешка)
Ница (Франција)-Ајакс (Холандија)
Динамо Киев (Украина)-Јанг Бојс (Швајцарија)
АЕК Атина (Грција)-ЦСКА Москва (Русија)
Бриж (Белгија)-Басакшехир (Турција). н.ц.