Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар елиминиран од купот на Македонија

Вардар елиминиран од купот на Македонија

Вардарци не успеаа во намерите да ја стигнат негатива од првиот натпревар во рамките на 1/4 од купот на Македонија и да се пласираат во следната рунда. Нашиот состав не продолжува понатаму, Шкендија беше пречката која не елиминираше од ова натпреварување. Вардар загуби и на реванш дуелот, кој се играше на стадионот во Ѓорче. Шкендија победи со резултат 1:2. За нашиот тим погоди Мијушковиќ, додека за противникот прецизно стрелаа Жуниор и Кировски.

Излеговме на терен со сдниве 11-сетмина: Пачовски, Грнчаров, Мијушковиќ, Брдаровски, Љамчевски, Николов, Глигоров, Фелипе, Стојков, Блажевски и Ивановски Натпреварот започна со иницијатива на нашиот состав. Во втората минута Блажевски се проби од левата страна, упати центар шут но дефанзивците на Шкендија исфрлија во корнер. Голем пропуст во 7 минута на судијата Мечкаровски, кој не покажа чист црвен картон за Цуцули од редовите на Шкендија. Филип Ивановски беше фаулиран од истиов играч, како последен пред голот на Јовановски.  Во 10 минута, слободен удар за Вардар од некаде 25 метри, Николов шутира само во живиот ѕид. Најдобрата шанса во средината на првиот дел ја имаше Горан Стојков кој упати удар кон голот, но Јовановски одлично го скротува неговиот удар. Сепак Шкендија е екипата која прва доаѓа во водство на овој дуел. Голема грешка на стоперот Мијушковиќ кој сакајќи да ја врати топката до Пачовски, не го стори тоа како што треба. Најумешен беше Жуниор излегува сам со нашиот голман и ја сместува топката во голот. Тука веќе сите шанси да направиме нешто повеќе на овој натпревар беа загубени. Со резултат 0:1 се замина на полувреме.

На стартот од вториот дел, тренерот Седлоски се решава да направи две измени во нашиот состав. На местата на Брдаровски и Глигоров, во игра влегуваат Хамбарџумјан и Дашјан. Вардарци продолжија да го напаѓаат противничкиот гол и во овој период. Конечно успеваме да постигнеме гол и да го израмниме резултатот на 1:1. Се играше 60 минута кога Блажевски нафрла во противничкиот простор, најумешен е Мијушковиќ кој со глава прецизно стрела во голот на Шкендија. Во следната минута, направена е последната измена во Вардар. Петар Петковски влегува на местото на Ацо Стојков. Кировски става точка на овој двомеч во националниот куп, откако на осум минути пред крајот ја погодува нашата мрежа, за водство на Шкендија од 1:2. Ова беше конечен резултат на овој реваш куп дуел.

До крајот на сезоната, Вардарци ќе се насочат на одбрана на титулата во домашното првенство. Предноста пред најголемиот и денешен конкурент е четири бода предност. Во следното коло играме против Работнички, меч кој ќе се одигра во Велес.