Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров се најде во идеалниот тим на сеха лигата, за месец ноември
Дибиров се најде во идеалниот тим на сеха лигата, за месец ноември

Дибиров се најде во идеалниот тим на сеха лигата, за месец ноември

Стандардно секој месец Сеха лигата го избира најдобриот тим. За месец ноември, еден наш играч се најде во идеалната седморка на ова натпреварување. Позицијата најдобро лево крило му припаѓа на Рускиот репрезентативец и член на Вардар- Тимур Дибиров. Интересно е тоа што, во месец номври нашиот состав одигра само еден единствен меч и тоа на гостински терен против Веспрем. Тој дуел заврши со поделба на бодовите, а Дибиров беше најдобар со 7 постигнати голови. Моментално црвено-црните го заземаат петтото место на табелата со вкупно 6 победи 1 нерешен дуел и 2 порази. Денес продолжуваме со настапите во ова натпреварување. Во С.Ц Јане Сандански домаќини сме на екипата на Макс Струмица. Вардар не би требало да има никакви проблеми и рутински да го одбработи овој дуел во своја корист.

ИДЕАЛНИОТ  ТИМ ЗА НОЕМВРИ:

голман: Тибор Иванишевиќ (Борац)

лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

десно крило: Хорват (ППД Загреб)

пикер: Растко Стојковиќ (Мешков Брест)

лев бек: Павел Атман (Мешков Брест)

среден бек: Васја Фурлан (Татран Прешов)

десен бек: Алексеј Песков (Татран Прешов).

Тренер: Алексеј Песков ( Татран Прешов).