Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Зошто Радески пред Аврамовски!?
Зошто Радески пред Аврамовски!?

Зошто Радески пред Аврамовски!?

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за претстојните два натпревари против Словенија (10. октомври, Скопје) и Полска (13. октомври, Варшава) од квалификациите за ЕУРО 2020. На списокот на селекторот се најде само еден играч од редовите на актуелниот лидер Вардар и покрај одличните партии на неколкумина играчи кои со сигурност можеа да влезат на овој список на повикани играчи.

„Вардар Фанс” прашува: Зошто Радески пред Аврамовски!?

- Комплетна статистика на овие двајца млади офанзивни играчи во досегашниот тек од сезоната.

Даниел Аврамовски – Вардар:
Осум одиграни натпревари во ПМФЛ ( сите како стартер, 678 минути), три постигнати погодоци.
Два натпревари во Купот на Македонија, еден постигнат погодок.

Марјан Радески – Шкендија:
Осум одиграни натпревари во ПМФЛ (469 минути, четири како стартер), еден постигнат погодок.
Еден натпревар во Купот на Македонија, без погодок.