Од понеделникот во продажба беа пуштени поединечните билети за домашен натпревар на Вардар во ЕХФ лигата на шампионите против Кил. Продажбата се вршеше на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку www.ticketplus.mk
Салата ќе биде преполна, истата е речиси распродадена. Во момент на изработка на веста за натпреварот Вардар – Кил кој е закажан за 12 октомври во Сц „Јане Сандански” со почеток во 17-30 часот има достапно помалку од 50сетина билети. Се очекува идната недела доколку се задржи претходната пракса да се пуштат дополнителни билети за стоење.