Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2003“ убедливи против своите врсници од Македонија Ѓ.П, на контролен меч

ФК Вардар генер. “2003“ убедливи против своите врсници од Македонија Ѓ.П, на контролен меч

Вчера на теренот на академијата, Вардаровата генерација родени “2003“ година одигра контролен натпревар со своите врсници од екипата на Македонија Ѓ.П. Мечот заврши убедливо во корист на Вардар, со конечен резултат од 14:0. Инаку двете екипи требаше да го одиграат првото коло во рамките на новата меѓурегионална лига, но истото беше одложено.

Се играа две полувремиња по 25 минути, со 10+1 играчи на теренот. Самиот резултат говори за одразот на силите на двете екипи и квалитетот кој го поседуваат. Оваа генерација на Вардар под водство на новиот тренер Томче Трајановски игра одлично на контролните мечеви. Тоа го покажа и со овој висок триумф. По првото полувреме беше јасно кој е кој на теренот. Резултатот во овој период од играта беше 6:0. Во вториот дел само продолживме да ја полниме противничката мрежа, не дозволувајќи му на противникот да се закани кон нашиот гол. Таквата офанзива игра со константен притисок на половината на Ѓорче, резултираше со голема победа.

Највеќе погодоци постигна Марио Петрушевски и тоа четири. По два пати во листата на стрелци се запишаа Александро Прелоговски, Лео Андрески и интересно голманот Лука Стојковски кој го одигра цело второ полувреме, но не како голман туку како играч задолжен за постигнување голови. Петар Давидовски, Никола Митревски, Давид Бошевски и Дарио Јовановски постигнаа по еден гол.