Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од денес продажба на билети за натпреварот Вардар-Брест Мешков

Од денес продажба на билети за натпреварот Вардар-Брест Мешков

Денеска и утре во периодот од 10-18 часот можете да набавите билети за првиот натпревар на ракометниот клуб Вардар во сеха-лигата, пред билетарницата на С.Ц. Јане Сандански. Утре со почеток од 20:30 часот црвено-црните во својата арена ќе ја пречекаат екипата на Брест Мешков од Белорусија.

Повеќе информации за обезбедување на билет за овој натпревар може да се добијат и на:
Е-маил: info@ticketplus.mk
тел. + 389 2 2400 075
тел: + 389 2 401 980

Влез на натпреварот со Мешков ќе биде овозоможен за сите лица кои имаат набавено сезонски билети, како и новата ВАРДАР ПАСС картичка, со која можат да се следат сите мечеви на РК, ЖРК и ФК Вардар. Вардаровите навивачи ќе имаат можност да ги видат и новите засилувања, Кањелас, Фереира и Борозан, кои за прв пат ќе настапат пред домашната публика.