Младинската екипа на РК Вардар под водство на тренерите Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски ќе учествуваат на седмото издание на меѓународниот ракометен турнир “Дубрава 2016“, во периодот од 1-4 септември. На истов турнир со својата генерација пионери ќе настапува и Вардар, предводени од Андријана Будимир.
Младинците на РК Вардар Јуниор предводени од Пепи Манасков ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир во Сараево (БИХ). На него ќе учествуваат екипи, чии сениорски тимови имаат значајна улога во европскиот и светски ракомет. РК Вардар, Пик Сегед (Унгарија), Целје Пивоварна Лашко (Словенија), Црвена Ѕвезда (Србија), РК Балиќ и Метличиќ (Хрватска), како и домашните екипи на РК Извиѓач, Боснацентротранс и селекцијата на градот Сараево ќе бидат дел од турнирот. Натпреварите ќе се играат во спортската сала “Грбавица“ во периодот од 2-4 септември.
Вардаровите екипи на овие турнири ќе отпатуваат во среда и четврток. Ова ќе биде првиот предизвик за нив пред почетокот на новата натпреаварувачка сезона во домашните лиги.