Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година се единствените наши екипи кои имаат максимален број на освоени бодови во детската лига.
Фк Вардар генерација “2003“ го заврши есенскиот дел од сезоната убедливо на првото место пред останатите противници. Избраниците на Ане Андоновски забележаа десет победи, без ниту еден нерешен резултат и пораз, со две одложени кола. Гол разликата за оваа категорија е импресивна и зачудувачка, со неверојатни 54 постигнати гола и со само еден примен погодок, податок што ги прави да ја имаат најдобрата одбрана воопшто во целата детска лига. Милано беше единствениот противник кој успеаа да ја затресе нашата мрежа и тоа уште во второто натпреварувачко коло. Од тој дуел, па се до последното коло од првиот дел, нашите голмани Лука Стојковски и Гоце Јовчев успеаа да ја зачуваат својата мрежа. Забележавме победи и во дерби дуелите со екипите на Металург и Македонија Ѓ.П, додека имавме триумфи изразени со двоцифрен број на постигнати голови.
Ви ги презентираме сите нивни резултати во есенскиот дел од детската лига:
1 коло: Вардар- Металург 1:0
2 коло: Вардар- Милано 4:1
3 коло: Вардар- Фортуна 3:0
4 коло: Вардар- Гоблен 5:0
5 коло: Вардар- Смиљковци 2:0
6 коло: Вардар-Еуроспорт 13:0
7 коло: одложено
8 коло: Вардар- Македонија Ѓ.П 5:0
9 коло: Вардар- Тефејуз 8:0
10 коло: Вардар- Цементарница 4:0
11 коло: Вардар- Шкендија( Арачиново) 9:0
12 коло: одложено.
Листата на најдобри стрелци во оваа екипа ја предводат Филип Георгиевски и Александро Прелоговски, кои имаат постигнато по 7 голови. Ова е листата на ТОП-6 најдобри стрелци за генерација “2003“.
1. Филип Георгиевски 7
2. Александро Прелоговски 7
3. Дарио Јовановски 6
4. Иван Пашариковски 6
5. Дамјан Ќосески 5
6. Марио Петрушевски 5.
Фк Вардар генерација “2003“ исто така на крајот го освои првото место на завршниот турнир во “Јуниор лигата“, каде паралелно имаше натпревари во овој најнов проект на фудбалскиот клуб Вардар.