Од сабота до вторник во Охрид се одржува младински фудбалски турнир, на кој учество зема и фудбалскиот клуб Вардар, со генерација родени “2006“ година. Избраниците на Игор Кралевски веќе одиграа три натпревари, на кои забележаа победи. На турнирот допатувавме со следниве играчи: Андреј Данстак Данчевски, Дамјан Крстевски, Драган Јанкоски, Давид Голубов, Дарко Сековски, Михаил Николов, Никита Патаровски, Михаил Танчев, Милош Спасовски и Максим Цониќ. Денес на екипата се очекува да се приклучи и Давор Лефковски кој отсуствуваше на првите натпревари поради здравствени причини.
Во првото коло се сретнавме со екипата на Академија Пандев и високо ја поразивме со резултат 11:0. Најдобриот стрелец и играч на оваа генерација, Давид Голубов постигна три гола. Михаил Танчев, Драган Јанкоски и Никита Патаровски беа стрелци на два гола. По еден гол дело на Дарко Сековски и Дамјан Крстевски. Самиот резултат говори за супериорноста во текот на целиот меч за црвено-црниот состав.
Во второто коло за противник го имавме тимот на Фер Плеј. Исто така забележавме победа, со конечен резултат од 4:2. Давид Голубов со два гола, еден на Михаил Николов и Дарко Сековски се најзаслужните за триумфот во овој дуел.
Трет натпревар и трета победа за избраниците на Кралевски, против екипата на Караорман. Нов убедлив триумф за црвено-црните, со резултат 11:3. Повторно најефикасен играч во нашите редови Давид Голубов со четири постигнати голови. Го следеа Милош Спасовски со два, Михаил Танчев, Дарко Сековски, Драган Јанкоски, Никита Патаровски и Максим Цониќ со по еден погодок. Денес не очекува натпревар со екипата на Топ гол од Ресен.