Екипата на Рк Вардар 2 го доживеа вториот пораз во првиот дел од сезоната, во рамките на првата ракометна лига. Во последното есенско коло, избраниците на Стојан Петрушевски беа минимално поразени на гостувањето во Штип, од екипата на Текстилец.
Натпревар со голема борба на двете страни, каде постоеше резултатска неизвесност во најголем дел од дуелот. Во првото полувреме имаше мал број на голови, вниманието беше на одбраните. Црвено-црните први го отворија со гол мечот. Во средината на првиот дел домаќинот за прв пат поведе со два гола разлика 5:3. Вардарци вратија со ист одговор, најпрво израмнија за потоа и повторно да поведат. Сепак на полувреме се замина со минимално водство на Текстилец, со резултат 8:7.
Во првите пет минути на вториот дел, противникот имаше постојано водство се до 37 минута, кога Вардар поново го зирамни резултатот на 11:11. Во следниот напад дури успеавме и да поведеме, но за кратко бидејќи Текстилец врати со два гола во серија. Продолжи мечот да се игра со гол на гол од двете страни, домаќинот одржуваше предност од еден до два гола разлика. Можеби одлучувачкиот и прв чекор кон триумф Штипјани го направија кога за прв пат поведоа со три гола 18:15. До крајот успеаа уште еднаш да водат со 20:17, што беше одлучувачко за победа. Конечниот резултат гласеше 21:20.
Со овој натпревар заврши првиот дел од сезоната во првата ракометна лига. Вардар 2 има учинок од 9 победи и 2 порази и се наоѓаат на второто место на табелата. Единствено расположени играчи на овој натпревар беа Тоше Ончев кој постигна 8 и Александар Димовски 7 гола.
Рк Вардар 2: Кизиќ, Виларов, Димов 2, Јагуриновски, Димовски 7, Анастасовски 2, Стојковски 1, Стошиќ, Љубевски, Трпчевски, Димитровски, Кукуловски, Крстевски, Димковски, Ончев 8, Арсеновски.