Изминативе три дена во населбите Карпош и Кисела вода се играше првиот меѓународен турнир “Кул куп 2015“. Самата организација беше на едно највисоко ниво, со голем број на екипи. На него учество земаа и две наши фудбалски генерации, момчиња родени 2006 и 2007 година. Генерацијата “2007“ која ја предводи тренерот Томче Трајановски настапуваше со две свои екипи. Едниот тим на Вардар го освои на крај третото место.
Ви ги презентираме сите резултати во групата за тимот кој го освои третото место:
1 коло: Вардар 1 – Борец јуниор 3:0
2 коло: Вардар 1 - Талент Битола 3:0 ( службено)
3 коло: Вардар 1 – Кул 10:0
Во групата без конкуренцја го освоивме првото место, по што следуваа елиминациските дуели.
1/4 Вардар 1 – Драчево 3:1
1/2 Вардар 1 – Кикер Краљево 3:3 ( пенали 3:5)
Во борбата за третото место, нашите надежи беа подобри од екипата на Борец. Во регуларниот дел беше нерешено 1:1. По изведување на удари од белата точка, црвено-црните беа поуспешни со резултат 3:1. Најдобар стрелец во оваа екипа беше Петар Мицевски кој постигна 7 голови, додека Стефан Младеновски даде 6 погодоци. Петар Мицевски на крајот се најде во идеалниот тим на турниров.
Втората екипа на Фк Вардар генерација “2007“ стигна до 1/4, каде беше поразена од Кикер Краљево. Претходно во групата, забележа една победа, пораз и нерешен резултат.
1. Вардар 2 – Фортуна 2:2
2. Вардар 2 – Фудбал старс-Кочани 4:2
3. Вардар 2 – Фамос 1:2