Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Следен противник на РК Вардар, ”ранетиот” Колдинг
Следен противник на РК Вардар, ”ранетиот” Колдинг

Следен противник на РК Вардар, ”ранетиот” Колдинг

Еуфоријата помеѓу црвено – црната армија навивачи е голема, и расте од натпревар во натпревар. На патот на вардарци да ја продолжат победничката низа во ЛШ ќе биде тимот на дански Колдинг. Колдинг оваа година игра очајно во ЛШ, има скор од ниту една победа, и четири порази. Данскиот тим сезоната во ЛШ ја започна на гости против Кристијанштад (тимот кој нашиот тим го победи) на тој воведен натпревар данските момци загубија со резултат 33:26 , потоа играше пред своите гледачи, овој пат против  Рајн – Некар, на овој натпревар убаво се увиде дека нешто недостасува во овој дански тим, домакините беа прегазени пред своите гледачи со дури 12 голови разлика од овој германски тим. За ”колата да отиде во брдо” се погрижи Монпелје   французите на овој трет натпревар пред своите гледачи ги победија данците со 30:25, предходниот викен, Колиднг повторно загуби, дома од Пик Сегед со резултат 22:27.

Несомнено, нешто не оди во овој тим, па затоа РК Вардар тоа мора да го искористи, иако игра на гостински терен. Натпреварот ќе се одигра в недела со почеток во 16:50 часот, со директен пренос на МРТВ 1