Фк Вардар генерација родени “2007“ година максимално го искористува подготвителниот период за одигрување на контролни натпревари, за подигнување на формата пред почетокот на пролетниот дел од детската лига. Оваа најмлада екипа предводена од тренерот Томче Трајановски тренира три пати неделно во Никола Карев и до моментов одигра три контролни натпревари со различни екипи. Сигурно дека постои задоволство од прикажаните игри и резултати на нашите млади надежи во овој подготвителен период.
Црвено-црните остварија триумф во дуелите со екипите на Албион ( 3:2) , Металург (4:0) и екипата на Смиљковци ( 5:3). Радуваат победите на младите Вардарци во овие подготовки, пред стартот на детската лига, кој неофицијално е закажан за 20-ти февруари. Оваа генерација настапува со две свои екипи во оваа лига, од кои едната го освои првото место во есенскиот дел од сезоната.