Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар однесе победа во Анталија, на тест-дуелот со Черноморец Одеса
Вардар однесе победа во Анталија, на тест-дуелот со Черноморец Одеса

Вардар однесе победа во Анталија, на тест-дуелот со Черноморец Одеса

Црвено-црните и понатака остануваат непоразени на подготовките во Анталија, тие предмалку издвојуваа победа над украинскиот тим Черноморец Одеса со резулат 2-0. Вардарци стартуваа со следниве 11-сетмина: Пачовски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Глишиќ, Глигоров, Спировски, Фелипе, Којашевиќ, Асани, Ќеран

Првите десет минути од натпреварот поминаа во испитување на силите, ниту една од двете екипи не тргна офанзивно, иако Вардарци повеќе ја имаа топката во посед. Веќе во следната минута се случи првиот поопасен и директен удар кон нашиот гол. Акција од десната страна на Черноморец Одеса, упатен удар но Пачовски исфрла во корнер. При изведениот корнер противникот ја имаше најголемата шанса во првите 45 минути, но повторно Пачовски со крајани напори успева да го одбрани ударот и да ја зачува својата мрежа незатресена. Во 13 минута Украинската екипа го изведе и третиот корнер, кој не донесе никаква опасност кон нашиот гол. Во следните 15 минути не видовме ништо посериозно кон голот на двете екипи, најчесто се играше на средината на теренот. Во 31 минута Никола Глигоров се обиде со удар од преку 30 метри, кој заврши само покрај противничкиот гол. Најголемата прилика за црвено-црните во првото полувреме се случи во 38 минута, кога Ќеран доби употреблива топка во шеснаесетникот на противникот, умешно се сврте и биеше силно, но голманот на Черноморец со одлична интервенција спречи отварање на резултатот. До крајот на првото полувреме, ништо посериозно и без прилика за постигнување на гол. Така на полувреме се замина со почетните 0:0.

Црвено-црните трнаа во вториот дел да постигнат први погодок, играта се пренесе пред голот на Черноморец Одеса .  Со удари од далечина се обидоа Спировски и Блажевски , но двата удари не беа посебна опаснот за голманот на украинците. Вардар поведува со прекрасен гол во 60 минута од слободен удар на Фелипе од дистанца над 25 метра ударот на заврши во горниот десен агол, топката мина над живиот ѕид. Три минути подоцна повторно убава шанса за нашиот тим , нов слободен удар одлево на 16-17 метри  Хоф успева да шутне прекрасно на втора статива , но топката удира во дирекот од голот. Вардар е во целосна иницијатива на мечот, така во  65минута повторно ерменецот во прекрасна прилика со кгава од некој 7-8 метра ја погодува гредата од голот. Којашевиќ во 69 минута влегува во казнениот простор шутира силно под пречката, но повторно голманот на Черноморец одлично интервенира и ја исфрла топката во корнер. Вардар поведува со 2-0 убаво одиграна акција Блажевски асистира до Хоф кој конечно погодува, тој стрела за заголемување на предноста во 75 минута од мечот. Украинците во вториот дел се целосно инфериорини само неколку пати успееа да ја пренесат топката пред нашиот гол, но без некоја посебна опасност за црвено-црните. Во последните 10-сетина минути од мечот немаше поголеми возбудувања пред двата дела, вардарци рутинирано ги одиграа последните минути умно чувајќи го водството со активна игра на централниот дел од теренот.