Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Елверсберг последен на ”менито” на Вардар
Елверсберг последен на ”менито” на Вардар

Елверсберг последен на ”менито” на Вардар

Денеска со почеток во 14 часот ФК Вардар ќе го одигра и последниот (шести) натпревар во Анталија. Вардарци по вчерашната победа од 2:0, денеска ќе одиграат уште еден натпревар, последен, пред заминувањето од Анталија.

Тимот на Елверсберг се натпреварува во четвртата Германска регионална лига. Елверсберг моментално се наоѓа на третата позиција на табелата во својата лига, со освоени 42 бодови по 19 одиграни натпревари. Елверсберг е главно тим составен од германци, но во тимот има и неколку интернационалци. Еден играч интересно доаѓа од Аргентина, се работи за 35 годишниот Леонардо Грех, но овој играч во својата кариера има настапувано само за германски нисколигаши. Во тимот има и двајца австријци. Најдобар играч, и стрелец на тимот е, Мијо Туниќ, овој играч има постигнато 11 погодоци оваа полусезона, но и овој играч досега има настапувано само за нисколигашки екипи. Во тимот има и еден играч од Конго, се работи за Бианкади, овој играч има само 20 години, а во кариерата има настапи за вториот тим на Аугзбург.

Фото: SV 07 Elversberg