Нашите најмлади Вардарови генерации продолжуваат со успеси и добри резултати на турнирите, на кои настапуваат. Фк Вардар генерација “2007“ е освојувач на силен меѓународен турнир во Битола, на кој учествуваа околу 15 екипи. Имаше тимови и од соседните Србија и Грција. Оваа генерација ја предводи Игор Кралевски кој е поранешен репрезентативец и играч на неколку прволигашки екипи во Македонија. Со импресивна гол разлика од 15 постигнати и само еден примен гол, овие млади момчиња на убедлив начин станаа победници.
Во групата каде настапувавме ги постигнавме следниве резултати:
1 коло: ФК Вардар- Фк Топ гол 3:0
2 коло: Фк Топ тим (Охрид) -Фк Вардар 0:5
2 коло: ФК Вардар- Фк Брегалница 3:0
Пласман во полуфиналните натпревари обезбедија првите две пласирани екипи од групите. Вардарци без примен погодок во групната фаза се најдоа во 1/2. Таму за противник ја добивме екипата на Битолски Пелистер, дуел во кој остваривме победа од 3:1.
Во големото финале на генерација “2007“ се сретнаа повторно тимовите на Вардар и Топ гол. Црвено-црните повторно беа подобар противник и забележаа минимална победа од 1:0, која беше доволна за освојување на првото место. Овие млади момчиња само ја заокружија победничката серија, во изминатиов период и на другите Вардарови генерации.