Нашиот БК Вардар бара одговорност од луѓето кој раководеле со непрвилните подготовки за Светското првенство во Лас Вегас кое моментално е во тек . На истото очигледни се проблемите со несоодветните подготовки кој ги минале борачите од нашата земја.
Очигледно е дека проблемот е во врвот на самата боречка федерација на земјава и нејзиниот безмалце неодговорен и непрофесионален пристап кон ова големо натпреварување кое носи/носеше шанса за пласман на Олимпијадата РИО-2016. Да е поголема трагедијата уште на 18-ти Јули БК Вардар со официјален допис до Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), до УО, Стручниот совет и тренерот на репрезентацијата на ФБСМ понуди свој предлог за подготовките кој требаше да биде прифатен од челниците на федерацијата ,но очигледно неприфаќањето на истиот донесе само штата за мак.борењето на најголемиот собир годинава во овој спорт. Вардарци наведуваа во барањето дека нашите борачи ги одржаа висинските подготовки од 6-17 јули и очекуваа органите на ФБСМ и самата Федерација ќе најдат време и место да ги одработат преостанатите две фази за подобрување на психо-физичката и техничко-тактичката подготвеност и со стручна работа да освојат олимимписка норма. Покрај тоа Вардар понуди и стручна помош на репрезенацијата со својот признат стручен понтенцијал кој го поседува нашиот црвено- црн колектив а тоа се : проф. Љубиша Пешко, проф. д-р Страшо Глигоров и главниот тренер на Дагестан и асс.тренер Гајдар Гајдаров. Во прилог ви го донесуваме официјалниот допис од БК Вардар од средината на Јули (фото).