Во недела 13 септември во Будимпешта-Унгарија ќе се одржи 30-от “Виз Ер Будимпешта полумаратон“. Од нашата земја ќе има дури 41 учесник на оваа популарна делница. Нашиот атлетски клуб Вардар ќе има свој преставник младиот атлетичар Ивановски Марко .
Нашиот црвено – црн атлетичар веќе подолго се бори со повреди заради кој пропушти дузина трки. Ивановски и на трката во Будимпешта повторно патува со незалечена повреда ,но со голема желба за одличен настап на оваа престижна полу-маратонска трка. Последна трка на која беше во колку-толку фит форма беше националното првенство на Македонија кое се одржа на Арената Филип Втори во јули месец тогаш тој настапи на трката на 800 метри. На иста нашиот Марко и ако зад себе имаше 7-мо месечна пауза на оваа трка успеа да го освои одличното второто место и се закити со сребрениот медал. Со што покажа со колкав потенцијал располага Ивановски, затоа се надеваме дека повредите во иднина ќе го одминат и дека се почесто ќе се радуваме на неговите успеси во дресот на АК Вардар.