Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар нема пораз од Турново на последните 5 натпревари
Вардар нема пораз од Турново на последните 5 натпревари

Вардар нема пораз од Турново на последните 5 натпревари

Пред неделниот натпревар на ФК Вардар и Турново ви издвојуваме мала статискика. Нашиот тим на последните пет натпревари против овој споменат тим има две победи и три нерешени резултати. На последниот натпревар кој се одигра во Турново, нашиот тим го совлада тимот на Хоризонт со 0:2, тој натпревар беше одигран на 15 март 2015 година. Пред овој дуел на 02.11.14 нашиот тим повторно гостуваше во Турново но резултатот заврши 0:0. Нашиот тим последен пат пред своите гледачи играше против овој тим на 11.05.14 кога победивме со резултат 2:1. Се надеваме дека и овој пат, нашиот тим ќе дојде до лесна, и убедлива победа.

Инаку, во минатото сите знаеме дека неколку наши играчи имаат настапувано во Турново. Мегу нив, еден од најдобрите напаѓачи на Вардар, Дејан Блажевски. Исто така да не заборавиме дека во Турново беше и нашиот нов тренер Гоце Седлоски, кој го водеше тимот од Турново. Интересно е, и тоа што меѓусебен дуел како тренери ќе имаат и поранешниот наш тренер, Никола Илиевски – Џиџи, a од другата страна поранешниот на Турново Седлоски.

Фото: fkvardar.mk