Денес на терените на ФФМ, стартуваше новата сезона во детската фудбалска лига. Вардар одигра само еден натпревар и тоа со генерацијата 2009.
Во рамките на првото коло одигравме дерби натпревар со екипата на Форца, кој заврши без победник 1:1. Видовме навистина квалитетен натпревар, на кој на крајот можеби и нерешениот резултат беше реален исход, иако момците на Зоран Петковски во вториот дел имаа две навистина убави шанси. Противникот прв успеа да го отвори резултатот, додека Вардар врати веднаш со евро гол на Мартин Атанасовски за 1:1. Во вториот дел најголемите шанси за предност ги имаа Коста Бошковски и Матеј Ристески, но голманот на Форца со две одлични одбрани спаси негатива за својата екипа.